Молерски алат (страница 3)

Избор на производи, големини и цени за Молерски алат (страница 3)

Прикажани 3 од 63 производи

Најчести прашања за молерски алат

Која молерска четка за која боја?

За водени и акрилни бои користи синтетичка четка. За лакови, емајли и бои на растворувач оди природна (свинска) четка. Мешаните влакна се универзални и одат за двете.

Природна или синтетичка молерска четка?

Природните влакна најдобро ги држат лаковите и боите на растворувач; синтетичките не набабруваат во вода, па одат за водени и акрилни бои. За домашна употреба мешана четка покрива најмногу случаи.

Која големина молерска четка да изберам?

10-30 мм за детали и ивици, 40-60 мм за рамки на прозорци и врати, и 70-100 мм за големи рамни површини и брзо нанесување.

Како да ја измијам и зачувам молерската четка?

По водени бои измиј ја со топла вода и сапун, по лакови со соодветен растворувач. Исуши ја закачена со влакната надолу за да ја задржи формата.

Молерска четка или валјак?

Валјак за големи рамни површини (ѕидови, тавани), а четка за агли, ивици, рамки и детали. Најчесто се користат заедно: валјак за плоштините, четка за завршетоците.

Што содржи основен молерски комплет?

Готов комплет во кутија не продаваме, ама лесно си го составуваш сам од Maxwerk делови: валјак според бојата (за мазни ѕидови Валјак Profi Дисперзија за рамни површини 250mm), рачка за него (267, 297 или 390 mm) и телескоп од 1,8 или 3 m ако работиш плафон. Додади една поширока и една потесна четка Standard Universal (30-80 mm, 50-90 ден), кадичка за боја (100 или 170 ден), креп фолија за рабовите (0,55, 1,40 или 2,10 m) и заштитен најлон 4x5 m за подот. Цените на деловите одат од 20 до 400 денари по парче.